Доделување државна награда

23.10.2026 14:56

Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и археологот Виктор Лилчиќ-Адамс се годинашните добитници на државната награда „23 Октомври“.

Тројца истакнати дејци од областа на културата и науката се годинашни добитници на државната награда „23 Октомври“. Меѓу нив, актерот Ѓорѓи Јолевски, за неговиот придонес во театарската и филмската уметност.

Научните делата на историчарот Стојко Стојков, имаат особено значење во време кога македонската историја е предмет на оспорување и спротивставени толкувања – посочуваат од одборот за доделувањето државни награди.

Археологот Виктор Лилчиќ – Адамс пак, со децении ги истражува античките градови, тврдини, историските процеси, цивилизациите што се развивале и опстојувале на македонскиот простор . Оставајќи значаен придонес во археолошката наука.

Добитниците на признанијата порачаа – Македонија има историски и цивилизациски континуитет што ретко која држава во светот може да го потврди. Денес борбата за напредок се води со поинакви средства – преку културата, науката и создавањето нови вредности.

„Денес оружјето е заменето со културни и научни дела и резултати.токму затоа ние категорички тврдиме ако ни се даде зелено светло на умот, водени на развојот на културата и особено науката, Македонија има голема шанса да доживее многу поголем развој во неизвесната иднина што претстои“, изјави Виктор Лилиќ- Адамс – археолог и добитник на наградата „23 Октомври“.

Ова признание е мотив за продолжување на истражувања, кои се културен и научен влог во цивилизацискиот мозаик на слободна и независна Македонија – посочија добитници.

Со наградата „23 Октомври“ се оддава признание за долгогодишните остварувања во науката, културата и образованието, како и за придонесот во афирмацијата на македонските вредности и културно – историското наследство.

 

Андријана Ѓурческа