Франција
Франција: Пукање во предградие на Париз, едно лице загина, четири се повредени
23.10.2026 19:54
Полицијата уапси осомничен во близина на Трап, мотивот сè уште е непознат...

Пукање во предградие на Париз. Едно лице загина, четири се повредени. Полицијата уапси осомничен во близина на Трап, мотивот сè уште е непознат. Пукањето доаѓа пред утрешните протести против скапотијата. Владата распоредува дополнителна безбедност.
„За утрешниот ден забележуваме бројни повици за собирање, вклучително и од ултралевичарски движења. Ќе бидеме бескомпромисни кон вандалите. Утре ќе бидат распоредени 70.000 полицајци и жандарми“, изјави Лоран Нунез, министер за внатрешни работи на Франција.
Во меѓувреме, Макрон е на средба со студентски организации во Елисејската палата – прва од почетокот на протестите.
