Нов инцидент во Црно Море, погоден брод во близина на Романија
Во истовреме, Русија и Украина разменија по 270 заробеници, но и тешки удари...

Нов инцидент во Црно Море. Погоден брод во близина на Романија. Во истовреме, Русија и Украина разменија по 270 заробеници, но и тешки удари. Воздушна тревога беше прогласена на московскиот аеродром Шереметјево, а сите четири аеродроми во Москва ги прекинаа полетувањата и слетувањата по соборувањето на 17 дронови кон градот. Од друга страна, Зеленски вели дека нападите врз Киев покажуваат дека Кремљ не ја сменил својата позиција, иако Путин објави дека е подготвен за нови мировни разговори во Абу Даби.
„Целта на овие преговори ќе биде да се обезбеди безбедноста на Украина и Русија по склучувањето на мировните договори – во нивната конечна форма“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
„Кога некои партнери го олабавуваат притисокот врз Русија, тоа само го засилува уверувањето на Путин дека неговите цели се во дофрлање“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во меѓувреме, танкер со 40.000 тони руски дизел плови кон Њујорк – прва испорака по договорот меѓу Путин и Трамп.
