Имунизација
Продолжува вакцинацијата против сезонски грип
23.10.2026 20:02
Околу илјада од пријавените 55 илјади граѓани биле имунизирани досега.

Продолжува вакцинацијата против сезонски грип. Околу илјада од пријавените 55 илјади граѓани биле имунизирани досега. Најмногу интерес има кај постарите и хронично билни лица.
Задолжителна е за здравствените работници. Се очекува до средината на ноември да пристигнат дополнителни 25 илјади дози, според надлежните со тенденција бројот на имунизирани лица да достигне 80 илјади.
Кон почетокот на следниот месец треба да продолжи и вакцинацијата на новороденчињата со БСЖ против туберкулоза која беше запрена поради сомнителен квалитет со серијата од бугарскиот производител. Сега имунизацијата ќе се врши со вакцини од Јапонија кои ги набавија надлежните власти.
