Самит ЕУ- Западен Балкан на 25 ноември во Брисел
Лидерите ќе го разгледаат досегашниот напредок во постепената интеграција на западен Балкан во ЕУ, особено преку спроведувањето на планот за раст на Западен Балкан...

Лидерите на Европската унија и Западен Балкан ќе се состанат во Брисел на 25 ноември, соопшти денеска Европскиот совет. Во соопштението се вели дека самитот ќе биде можност да се потврди посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, но и да се охрабрат партнерите од регионот да ги забрзаат реформите и да ги исполнат обврските потребни за напредок во процесот на пристапување.
Лидерите ќе го разгледаат досегашниот напредок во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ, особено преку спроведувањето на Планот за раст на Западен Балкан. Претходниот собир ЕУ-Западен Балкан се одржа на 5 јуни оваа година во Тиват.
