Двојно повеќе сини шлемови во Јужен Судан
Советот за безбедност на Обединетите нации одобри речиси двојно зголемување на бројот на мировници во Јужен Судан. Загинатите во изминативе денови се бројат во илјади, а не во стотици како што се мислеше претходно.
„Сметам на земјите-членки да ни ги обезбедат тие средства. Ситуацијата е многу неизвесна. Многу ме загрижува порастот на насилството во многу делови од земјата“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.

Во базите на мисијата на Обединетите нации заштита побарале 45 илјади цивили, кои во итен временски рок ќе ги штитат 12 ипол илјади војници и над 1.300 полицајци. И САД веќе префрлија 50 од 150-те најавени маринци во соседна Уганда, но генералниот секретар стравува дека тоа нема да биде доволно, со оглед на тоа дека во градот Бантуи беше најдена една гробница. Светската организација повика на политичко решение, но реален е стравот од прелевање на борбите во ЦентралноафриканскатаРепублика, која се справува со сопствен бран насилства.
„Не сакам да видам прелевање од Јужен Судан. Што се однесува до Централноафриканската Република, ситуацијата е се уште многу неизвесна и опасна“, рече Бан Ки Мун.
Западните сили и источноафриканските држави се обидуваат да посредуваат меѓу претседателот Салва Кир од народот Динка и лидерот на бунтовниците, неговиот поранешен заменик Риек Мачар од народот Нуер. Тие обајцата тврдат дека судирот не е етнички, туку политички, по смената на Мачар од власта, кого Кир го смени обвинувајќи го за обид за државен удар. Борбите веќе почнаа да влијаат на производството на нафта, кое и носи 98 % од приходите на државата, богата и со минерали и дијаманти.
Ивана Салтировска