Втор пораз на Металург во ракометната Лига на шампионите

Разнишаниот првак немоќен против Мешков Брест

04.10.2014 20:54

Металург го доживеа и вториот пораз во новата сезона од ракометната Лига на шампионите.. Загуби со 28-24 на гостувањето кај Мешков во Брест, во натпреварот којшто беше добро да го добие, бидејќи белорускиот тим ќе му биде директен ривал во групата „А“ за пласман во нокаут-фазата.

Фактот што против ривалот од СЕХА лигата истрча без Станиќ, Атман и без Вугринец, коишто останаа во Скопје, уште повеќе ја продлабочи кризата во редовите на клубот поради нередовноста во исплатата на платите, па неуспехот во Белорусија и не беше неочекуван. Разнишаниот тим на Металург беше во резултатски дефицит и постојано во потера по предноста на Мешков. На паузата Белорусите водеа со 12-10, но иако неколкупати се приближуваше до гол негатива, нашиот тим не успеа ниту еднаш да изедначи. Силниот отпор траеше до 50-та минута, по што големиот пад во играта не можеше да го спречи новиот пораз.

Одбраната не беше на ниво, играта ја држеа Циндриќ, којшто даде 9 и Миркуловски, којшто завши со 7 гола. Без поддршка од другите, за Металург нова, втора нула, пред гостувањето кај Загреб наредниот викенд.