Примирје во Олешки, преговори во ноември
Русија и Украина потврдија привремен прекин на огнот во градот Олешки, кој е под руска контрола и се наоѓа во украинскиот регион Херсон. За примирјето претходно најави првата дама на САД

Русија и Украина потврдија привремен прекин на огнот во градот Олешки, кој е под руска контрола и се наоѓа во украинскиот регион Херсон. За примирјето претходно најави првата дама на САД, Меланија Трамп. Во исто време украинскиот претседател Зеленски најави нова рунда мировни преговори меѓу Украина, САД, кои треба да се одржат во првата половина на ноември во Абу Даби, на техничко ниво.
„Постигнавме договор за одржување трилатерална средба – меѓу Украина, САД и Русија – на ниво на тимови, и се надеваме дека таа ќе се реализира. Планот е средбата да се одржи во првата половина на ноември, односно што е можно поскоро. Ние сме подготвени да се сретнеме кој било ден, па дури и утре, но сè зависи од руската страна. Очекувавме трилатерална средба и во текот на октомври, но до неа не дојде бидејќи Русите најдоа нова причина да ја избегнат. Сега сите треба да се фокусираме на тоа овие средби навистина да се одржат – се разбира, заедно со Америка, со Европа и со сите наши други партнери“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина
Зеленски изрази надеж дека овие разговори ќе го отворат патот за директна средба меѓу лидерите на земјите, што би претставувало нов чекор во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.
