ОЈО

Новиот шеф на ОЈО ГОКК исправен пред старите предизвици

24.10.2026 17:01

Стручност и отпорност на притисоци, справување со корупцијата, отворање предмети по допрен глас – очекувања од новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Кој од петмината кандидати ќе ја добие довербата, ќе се знае иднава недела.

Ќе се смени само името на врвот или новиот шеф на ОЈО ГОКК ќе донесе суштински промени? Во пресрет на изборот, адвокатот Новаковски вели дека од идниот раководител се очекува стручност, отпорност на притисоци и враќање на довербата. Особен предизвик, вели адвокатот, ќе биде справувањето со широко распространетата корупција во пониските ешалони на власта.

За да се надмине впечатокот дека ОЈО ГОКК е под политичко влијание, мора да се гонат сите сторители за кои има докази, вели новинарот Васко Маглешов. Според него, кредибилитетот на институцијата ќе се зајакне и со отворање на предмнети по допрен глас.

Во трката за нов шеф на ОЈО ГОКК влегуваат обвинителите Јован Цветановски, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азиси. Изборот е закажан за 28 октомври.

 

Анита Димитријевска - Велковска