Кошарка АБА лига

Пораз на МЗТ Скопје!

04.10.2014 21:45

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Мега Визура ја почнаа третата сезона во регионалната Јадранска лига. Српскиот тим славеше со 103-95 по продолжение откакко по 40 минути, значително изменетиот тим на МЗТ се избори за нерешено 84-84.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз од Мега Визура ја почнаа третата сезона во регионалната Јадранска лига. Српскиот тим славеше со 103-95 по продолжение откакко по 40 минути, значително изменетиот тим на МЗТ се избори за нерешено 84-84.

Две лица покажа македонскиот првак во воведот од Јадранската лига. Главно лошо, со грешки во нападот и со недоволно цврста одбрана за да одбие серија на противникот. Второто спротивно, со шутерска перфекција на Симоновски и со затворен рекет до којшто тешко се доаѓа. Сепак, недоволно за успех, иако МЗТ беше само на едно слободно фрлање од него.

Откако Мега Визура создаде 12 позитива на две ипол минути до крајот, изгледаше дека поразот е неминовност. Но двете тројки на Симоновски и на Зивчевиќ најавија драма во „Пинки“ арената во Сремска Митровица. На 84-81 Цинцадзе имаше три слободни фрлања, даде две, по што МЗТ се одбрани, а Грузиецот повторно беше фаулиран и застана на линијата. Погоди за 84-84 во првото и го промаши второто за победа. Српскиот тим не ја реалзираше последната акција, па натпреварот отиде во продолжение. Во него Јокиќ беше незапирлив, МЗТ прими 19 коша и загуби со 103-95.

Останаа неискористени 28-те поени на Марко Симоновски со девет тројки од 13 обиди. Двоцифрени беа и Лучиќ со 18, Цинцадзе со 13 и Маринковиќ со 11 коша. Јокиќ со 27 и Миљеновиќ со 26 го полнеа обрачот на тимот од Аеродром којшто немаше водство по она во почетните минути од 9-8. Ривалот постојано имаше контрола на резултатот, во првото полувреме доминираше под обрачите кога ја создаде предноста, а раритет беше и тоа што првото слободно фрлање МЗТ го изведе во 22-та минута. Тоа се показатели со коишто тешко се остварува гостински триумф во АБА друштвото. Нова шанса за прва радост сезонава МЗТ ќе има во вторник, во новата арена „Јане Сандански“, против екипата на Задар.