ујп

УЈП со предупредувања за приливи од странство во 2021 година – граѓаните да ги проверат даночните обврски

24.10.2026 17:31

Управата за јавни приходи испраќа известувања за плаќање данок до граѓаните кои оствариле приливи од странство во 2021 година. Од УЈП апелираат обврзниците да ја проверат својата даночна состојба и навреме да ги подмират обврските..

Управата за јавни приходи испраќа предупредувања до граѓаните. Се проверуваат податоците за приливите од странство, остварени во 2021 година, се праќаат известувања за плаќање данок. 

„Доколку обврските не се исполнат доброволно во дадениот рок, ќе се преземат мерки во рамки на законските надлежности за утврдување на данокот“, велат од УЈП, од каде што апелираат до сите физички лица кои имале прилив од странство да ја проверат својата даночна обврска и, доколку е потребно, навремено да поднесат електронска пресметка и да го платат данокот.