Ракомет

Вардар надмоќен против “Медведи“ во дебито во “Јане Сандански“

04.10.2014 22:31

Вечерашниот настап за најтрофејниот клуб во македонскиот ракомет беше повеќе од натпревар. Дебито во новата сала Јане Сандански пред исполнетите трибини против Чеховски Медведи ќе остане запишано во ракометната историја. „Црвено црниот“  декор насекаде на трибините беше најдобра инспирација за фуриозен почеток. Така и почна ...уште во првата минута Тимур Дибиров го постигна првиот гол воопшто во новата арена, а во наредните 5 минути навивачите беа уште побучни, откако гостинската мрежа се тресеше уште трипати.

Вечерашниот настап за најтрофејниот клуб во македонскиот ракомет беше повеќе од натпревар. Дебито во новата сала Јане Сандански пред исполнетите трибини против Чеховски Медведи ќе остане запишано во ракометната историја. „Црвено црниот“  декор насекаде на трибините беше најдобра инспирација за фуриозен почеток. Така и почна ...уште во првата минута Тимур Дибиров го постигна првиот гол воопшто во новата арена, а во наредните 5 минути навивачите беа уште побучни, откако гостинската мрежа се тресеше уште трипати. Pусите го постигнаа првиот гол во 6 минута преку Черноиван, и рамноправно се држеа до 10 минута. Но, со серијата интервенции на Штербик и брзите контри преку Душебаев и Дибиров, на средина на полувремето резултатот беше 13 : 5, а до крајот на првиот дел водсвото постепено се зголемуваше по атрактивните потези на вардарци, за 24 : 12 на паузата.

Вториот дел тренерот Раул Гонзалес им даде шанса на играчите од клупата, а од првиот свој обид Стоилов го оствари највисокото водство од 13 разлика. Гостите се обидуваа да намалат и вратија со серија од 7 : 2 во следните 8 минути во нивниот најквалитетен период. Сепак беа далеку од резултатски приклучок, а кога Ангелов влезе во ритамот на Штербик од првиот дел, беше јасно дека рускиот првак нема на што да се надева. На десет минути до крајот Горбок ја врати двоцифрената предност, која Вардар не ја испушти докрај и славеше со 39 : 28, за втора победа и 4 бода во пресрет на “мечот на неделата“ на ЕХФ следната сабота против германскиот Рајн Некар Левен во Скопје. Дибиров играше само едно полувреме, но со неговите 8 гола е најефикасен на натпреварот, со гол повеќе од Душебаев, а одличен беше и Стоилов со 5 погодоци. Кај гостите Деревен седумпати ја погоди мрежата на Вардар.