Тирана

Судири со полицијата на протест во Тирана, најмалку 13 повредени

25.10.2026 10:24

Најмалку 13 лица се повредени во синоќешните протести во албанската престолнина Тирана, кои завршија со судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Протестот во Тирана синоќа заврши со судири со полицијата. Најмалку 13 лица се повредени.

За време на протестот, организиран со барање за оставка на премиерот Еди Рама полицијата употреби солзавец, гумени куршуми и водени топови, додека демонстрантите фрлаа камења, молотови коктели и пиротехнички средства. Во немирите опожарени беа и владини објекти.