Франција

Масовни протести во Франција, речиси 1.000 уапсени

25.10.2026 14:37

Стотици илјади луѓе излегоа на протести во Франција поради трошоците за живот, а собирите во повеќе градови беа проследени со судири. Полицијата употреби солзавец и водени топови, а властите ангажираа 70.000 полицајци.

Стотици илјади демонстранти излегоа вчера на протестите во Франција во саботата. Иако собирите беа главно мирни, во делови од Париз и Марсеј дојде до судири. Полицијата употреби солзавец и водени топови против група од околу 500 млади луѓе со качулки. Судири избија и во Лион, Бордо, Лил, Рен, Нант и Тулуз. Властите ангажираа 70.000 полицајци и жандарми – 10.000 повеќе отколку претходната недела – откако признаа дека ги потцениле размерите на немирите од 17 октомври.

„Бројот на уапсени достигнува речиси 1.000. Очигледно, оваа бројка ќе се зголеми откако ќе ги сумираме податоците. За споредба, на 17 октомври, во истото време, имавме 385 уапсени. Значи, сега сме на речиси 1.000, а очекувам таа бројка значително да порасне“, изјави Лоран Нуњез – министер за внатрешни работи на Франција.

Протести против трошоците за живот се одржаа и во Шпанија и во Италија. И во овие две членки на ЕУ се регистрирани немири за време на демонстрациите.