Зеленски предупредува на одлуки на САД што би ѝ помогнале на Русија, Трамп најавува соработка со двете страни
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека несогласувањата со Доналд Трамп не се лични, но предупредува дека одредени потези на Вашингтон би можеле да ѝ помогнат на Русија да ја продолжи војната.

Украинскиот претседател Зеленски вели дека несогласувањата со американскиот претседател Трамп не се од лична природа, но предупреди дека одредени одлуки на Вашингтон можат директно да и помогнат на Русија да ја продолжи војната. Во исто време шефот на Белата Куќа вели дека по војната би соработувал со двете завојувани страни.
„Би сакале да се вратиме на состојба во која Русија и Украина ќе склучат договор, па потоа би можеле да соработуваме со двете страни. Јас склучив договор со Украина за пристап до нивните природни ресурси – минерали во вредност од дури еден трилион долари. Претпоставувам, секако ќе соработуваме и со Украина и со Русија откако ќе заврши оваа војна.“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
На фронтот во Украина продолжува војната. Нови напади регистрирани во повеќе региони. И Русија нотира удари со дронови во Белгород. Двете страни пријавија повредени цивили.
