избори регион

Државјани на Србија и Бугарија гласаат во земјава

25.10.2026 11:25

Се гласа и во Скопје, во амбасадата на Србија, но и на Бугарија каде што пак се одржуваат претседателски избори, а главната трка таму е помеѓу актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров.

Гласањето на српската дијаспора е организирано на 93 избирачки места во 37 држави, меѓу кои и во Македонија, каде што се гласаше во амбасадата во Скопје и во почесниот конзулат во Куманово. Граѓаните кои дојдоа да го остварат своето право на глас со свои очекувања.

„Очекувам подобра иднина за Србија, се да е подобро“, изјави гласач.

„Потребни се некои промени па да се види дали ќе биде подобро или не“, рече друг гласач.

„Очекувам подобри резултати. Задачите и програмите кои се зададени да се реализираат. Очекувам мир стабилност во државата и нормално со тоа повисок стандард на граѓаните, но пред сè мир“, додаде гласач.

Републичката изборна комисија одлучи гласачките места во странство за вонредните парламентарни избори да се отвораат и затвораат во исто време како и оние во Србија. Паралелно гласањето за изборите во Србија, во Македонија се гласаше и за претседателските избори во Бугарија.

Нашиот источен сосед бира претседател на државата.

На изборите се регистрирани 27 кандидатски двојки, а актуелната претседателка Илијана Јотова е меѓу главните фаворити, иако конечниот исход останува неизвесен. Нејзин противкандидат е економистот Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната реформска опозиција. Предизборните анкети ѝ даваат предност на Јотова, но процените за излезноста укажуваат дека изборот на новиот претседател би можел да се решава во вториот круг.

 

Фиљана Кока