анализа

Изборите во Србија и Бугарија и нивното влијание врз Македонија

25.10.2026 17:06

Изборните циклуси во Србија и Бугарија отвораат прашања за можните влијанија врз Македонија и регионалната соработка. Според аналитичарот Раби Седрак, клучен интерес за земјава е развојот на Коридорите 8 и 10, кои се од особено значење за економијата, енергетиката и стабилноста на регионот.

Дали и какво влијание ќе имаат изборните циклуси во Србија и Бугарија врз Македонија? Според Раби Седрак, директор на Институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии, вистинското прашање по изборите кај нашите соседи е кој повеќе ќе продолжи да вложува во коридорите 8, и 10 како исклучителни важни инфраструктурни проекти за целиот регион.

Источниот сосед како оружје единствено го има ветото кон нашата држава, а секогаш кога Бугарија прави сопки државава економски политички и културно се врти кон Србија, вели Седрак. Нас воопшто, вели тој не треба да не засега оваа асиметрична точка на потпора, бидејќи Македонија ја има сопствената отпорност. Засега многу внимателно играме вели Седрак. Нашиот интерес е двата коридора да функционираат со што ќе зајакне економијата енергетиката или се она што е од витално значење за државата.

И додека фокусот наш треба да е насочен кон коридорите и стабилноста, Седрак не очекува промена на ставовите на Бугарија кон Македонија, затоа вели потребно е земјава да игра мудро.

Миле А.Ристески