Одбојка, СП за жени

Познати пет од шесте репрезентации коишто ќе се борат за трофеите

04.10.2014 22:33

На Светското Првенство за одбојкарки во италија, претпоследно коло од втората фаза по групи филтрираше пет од најдобрите шест репрезентации коишто ќе се борат за медалите во завршната рунда, почнувајќи од вторник.

Непоразените Бразил и САД го очекуваат третиот тим којшто со нив преку „Ф“ конкуренцијата ќе продолжи во последната мундијалска недела. Американките со максимални 3-0 во сетови ја совладаа Србија и не и дозволија да им се придружи уште на коло пред крајот. Бразилките со 3-1 беа подобри од Русија, но и покрај поразот, Русинките ќе имаат можност да се провлечат со триумф во директниот двобој со Србинките, којшто МРТ директно ќе го пренесува в недела на Собраниски од 17 часот.

Во групата „Е“ Кина ја совлада Доминиканската Република со 3-2, а Италија беше подобра од Јапонија со 3-0, по што се е готово. Кинеските, Италијанките и Доминиканките ќе бидат дел од борбите во завршната недела на шампионатот.