Енергетика

Нов раст на нафтата, утре одлука за цените на горивата

25.10.2026 18:11

Регулаторната комисија утре носи нова одлука за цената на горивата. Скапата нафта на светските берзи прави притисок, транспортните компании веќе ги чувствуваат последиците.

Цената на нафтата на светскиот пазар никако да се смири. Причина, геополитичките тензии и стравувањата од нарушување на снабдувањето со овој енергенс. Секое дополнително влошување на состојбата притиска за ново поскапување на енергентите, со последици и врз цените на горивата.

Според берзанските податоци, нафтата „Брент“ надмина и 116 долари за барел, со раст од 3,14%. На неделно ниво, поскапувањето изнесува околу шест проценти, што укажува на притисок на меѓународните пазари.

На последната одлука, донесена пред една недела, РКЕ ја намали цената на бензините за 2,50 денари за литар, додека дизелот поскапи за два денари. Па така бензините се продаваат по 96, односно 98 денари, а дизелот за 99 денари за литар.

И додека нафтата во светото расте, Регулаторната комисија за енергетика, утре, треба да донесе нова одлука за цени на горивата, а останува неизвесно дали бензините и дизелот ќе поскапат или ќе поевтинат.

Цената на суровата нафта „Брент“ на 22 октомври достигна највисоко ниво на затворање од почетокот на мај, откако порасна за околу четири проценти, а пазарите остануваат чувствителни на случувањата на Блискиот Исток.

Борис Грујоски