Временска прогноза
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
26.10.2026 07:57
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
