Седници на две собраниски комисии
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.
Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, ќе го разгледаат Предлогот на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и Барањето за давање на автентично толкување на член 17 од Закон за пожарникарството, поднесено од пратеникот Славјанка Петровска.
