Презентација на дигиталните услуги за компаниите во Стопанската комора
На средбата, на иницијатива на претседателот на Комората, Бранко Азески, ќе се разговара за практичните придобивки од дигитализацијата и за поедноставување на административните постапки.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе ги презентира достапните дигитални услуги, решенија и можности за компаниите членки на Стопанската комора.
На средбата, на иницијатива на претседателот на Комората, Бранко Азески, ќе се разговара за практичните придобивки од дигитализацијата и за поедноставување на административните постапки.
Презентацијата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора, со почеток во 13 часот.
Претставниците на бизнис-секторот ќе имаат можност да се запознаат со дигиталните услуги што им се на располагање и со нивното влијание врз ефикасноста во работењето.
Предвидена е и дискусија со претставници на надлежните органи и тела, со цел размена на информации и искуства за унапредување на дигиталната трансформација.
Од Стопанската комора посочуваат дека преку ваквите средби продолжуваат да придонесуваат кон создавање технолошки напредно општество и подобри услови за дигитализација на бизнис-секторот и економијата во целина.
