Култура

РУТА од денеска во Драмски театар Скопје – шест претстави, четири монодрами и три работилници

26.10.2026 09:15

Во текот на фестивалската недела, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе гостуваат ансамбли и продукции од членките на Регионалната унија на театри. Публиката ќе има можност да проследи претстави на Белградско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, Казалиште „Улисис“ во копродукција со САРТР, Местно гледалишче Љубљана и Центарот за култура од Тиват.

Шест претстави од водечки театри во регионот, четири монодрами и три стручни работилници се дел од петтото издание на меѓународниот театарски фестивал РУТА, кој од денеска до 31 октомври ќе се одржува во Драмски театар Скопје. Годинава, покрај редовната програма, фестивалот ја воведува и новата програма „МоноРУТА“, посветена на монодрамата.

Во текот на фестивалската недела, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе гостуваат ансамбли и продукции од членките на Регионалната унија на театри. Публиката ќе има можност да проследи претстави на Белградско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, Казалиште „Улисис“ во копродукција со САРТР, Местно гледалишче Љубљана и Центарот за култура од Тиват.

Во рамки на програмата „МоноРУТА“ ќе бидат изведени четири монодрами од Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија. Македонскиот претставник е монодрамата „Џеки“, во изведба на Трајанка Илиева Вељиќ. Овие претстави ќе се играат на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности.

Фестивалската програма вклучува и три стручни работилници посветени на менаџментот во културата, актерската игра и сценскиот говор. Предавачи ќе бидат Душко Љуштина, Срѓан Обрадовиќ и хрватскиот актер и професор Озрен Грабариќ. Работилниците ќе се одржуваат на 27, 28 и 29 октомври и ќе бидат отворени за сите заинтересирани.

По секоја фестивалска претстава ќе се организираат и традиционални тркалезни маси со учесниците, под модераторство на проф. д-р Ана Стојаноска.

Фестивалот ќе биде затворен на 31 октомври со претставата „Љубовта на Федра“ на Драмски театар Скопје.