Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик...

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Б.(31) од с. Арачиново, скопско, Ј.Р.(35) од с. Умово, општина Студеничани и Е.М.(27) од Виница. Под дејство на алкохол возеле Д.С.(42) од Тетово, Н.П.(60) од Скопје, Д.С.(42) од Кичево, како и Н.В.(19) од с. Злеово, радовишко, В.И.(26) од с. Брајковци, валандовско и Д.М.(19) од с. Пирок, тетовско, кои управувајќи возила под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи. Воедно, Д.М. од с. Пирок, го управувал возилото и без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај
