БЛИСКИ ИСТОК
Иран: Каналите за комуникации со САД остануваат отворени
26.10.2026 12:17
Техеран не ја затворил вратата за дипломатијата, а преку посредници продолжува размената на пораки, велат од иранското МНР...

Каналите за комуникација меѓу Иран и САД остануваат отворени и покрај зголемените стравувања од обновување на војната. Техеран не ја затворил вратата за дипломатијата, а преку посредници продолжува размената на пораки, велат од иранското МНР.
Преговорите поврзани со конфликтот се во застој веќе неколку недели. Во меѓувреме, меѓу иранското население растат стравувањата од можно разгорување на војната, воочи претстојните избори во Израел и САД.
