Николоски: 5 до 6 милијарди евра инвестиции во Коридорите 8 и 10
Во интервју за регионалната мрежа ЕРНО, Николоски посочи дека Коридорот 8, кој се протега во правец исток-запад, и Коридорот 10, во правец север-југ, имаат стратешко значење за транспортното поврзување на земјава и регионот.

Меѓу 5 и 6 милијарди евра се инвестираат во подобрување на инфраструктурата на паневропските Коридори 8 и 10, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Според него, географската позиција на земјава, каде што се вкрстуваат двата коридора, е можност што треба да се искористи за Македонија да остане конкурентна транзитна рута во регионот.
Во интервју за регионалната мрежа ЕРНО, Николоски посочи дека Коридорот 8, кој се протега во правец исток-запад, и Коридорот 10, во правец север-југ, имаат стратешко значење за транспортното поврзување на земјава и регионот.
Тој нагласи дека инвестициите во инфраструктурата се значителни во однос на бруто-домашниот производ на државата.
Според Николоски, инфраструктурните проекти добиваат поддршка и признание од Европската комисија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, како и од другите меѓународни партнери.
Вицепремиерот истакна дека унапредувањето на двата коридора е важно за искористување на транзитниот потенцијал на земјава и за задржување на нејзината конкурентност во регионалните транспортни текови.
