Временска прогноза

УХМР: Постудено време со дожд и силен северозападен ветер, снег на планините

26.10.2026 14:44

Минималните температури ќе се спуштат од минус три до осум степени, додека максималните ќе достигнат од седум до 17 степени Целзиусови.

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер се очекува утре. Температурите ќе се движат од минус три до 17 степени, а на повисоките планини дождот ќе преминува во снег.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежи од дожд ќе има во северните делови од земјата. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува до силен, особено долж Повардарието.

Минималните температури ќе се спуштат од минус три до осум степени, додека максималните ќе достигнат од седум до 17 степени Целзиусови.

Во среда и четврток се очекува релативно стабилно време. Сепак, кон крајот на работната недела и за време на викендот повторно ќе има услови за врнежи.

И во наредните денови ќе продолжи да дува умерен северозападен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе биде засилен.