Домашното производство покрило 97,2 отсто од потрошувачката на струја во август
Во август годинава во земјава биле произведени 506.386 мегават-часови електрична енергија, што покрило 97,2 отсто од бруто-домашната потрошувачка. Во споредба со истиот месец лани, потрошувачката на природен гас е намалена за 13 отсто, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7,1 отсто.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната потрошувачка на електрична енергија во август изнесувала 520.849 мегават-часови.
Во истиот период биле потрошени 17,563 милиони нормални кубни метри природен гас, 175.578 тони јаглен и 119.046 тони нафтени продукти.
Статистичките податоци покажуваат дека 99,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен била употребена за производство на електрична енергија.
Споредбата на годишно ниво покажува намалување на потрошувачката на природен гас за 13 отсто и зголемување на потрошувачката на нафтени продукти за 7,1 отсто.
