Собрание

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и поддршка за европската интеграција

26.10.2026 16:06

Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и потребата од почести меѓупарламентарни средби, размена на искуства и соработка меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се сретна со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа разгледани можностите за интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски, како и поддршката на Полска за европската интеграција на Северна Македонија.

На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави и подготвеност за нивно натамошно унапредување.

Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и потребата од почести меѓупарламентарни средби, размена на искуства и соработка меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии.

Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија. Милошоски изрази благодарност за континуираната поддршка од Полска, нагласувајќи дека напредокот кон членство во Европската Унија треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати.

Соговорниците ја истакнаа и важноста на европската перспектива на земјите од Западен Балкан за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на континентот.

Во разговорите беа разгледани и можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции.

На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија определбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу законодавните домови на двете држави.