Над 1.000 пријави од студенти за шест месеци
Недоволно храна во студентските домови, проблеми со греењето, топлата вода и превозот, доцнење на стипендиите и незадоволство од висината на субвенционираниот студентски оброк. Ова се дел од проблемите што студентите ги пријавиле во Дигиталниот студентски глас ...

Две јајца, три парчиња кашкавал, салама и леб е вечерата која се служела во домот Стив Наумов. Студенти пријавиле во Дигиталниот центар на студентарија, дека плаќаат дупла партиципација, а не добиваат доволно храна, додека поради обврски на факултет не стигнуваат навреме да ручаат.
Покрај овој проблем било пријавено и дека во други домови немало топла вода, струја и греење. Студентите се жалеле и за немањето на автобуси за приградски превоз, за растот на цената на билетите, а се чувствувале и дискриминирано бидејќи во нивните градови немаат бесплатен јавен превоз по примерот на Скопје.
На дигиталниот студентски глас во изминатите шест месеци пристигнале над 1.000 пријави од студентите. Дел се жалеле дека доцнела исплатата на стипендиите и дека е не им недоволен износот кој го добиваат за субвенциониран студентски оброк.
Викторија Милевска
