Студентската листа ја победи СНС на Вучиќ, Срдановиќ: Со Македонија ќе градиме добрососедски односи
Студентската листа оствари убедлива победа на изборите во Србија, освојувајќи 140 од 250 пратенички места и оставајќи ги СНС, опозицијата и Дачиќ надвор од Собранието.

Политичко цунами во Србија. Студентската листа ја смени власта на Александар Вучиќ, но и ја избриша опозицијата од политичка сцена.
Според резултатите на РИК, Студентската листа освои 140 пратенички места од 250 во Собранието, или 52, 60 отсто гласови-наспроти 107-те пратеници на СНС со освоени 39 отсто гласови. Сите останати, Дачиќ и опозицијата не успеа да влезат во собранието, освен 7-те малцински пратеници.
Вучиќ го призна поразот, а славењето на граѓаните на Србија траеше до доцна во ноќта, Белград беше на нозе, а симболот на власта на Вучиќ, шаторите во „Чациленд“ урнати и запалени.
Еден од лидерите на студентската листа Илија Срдановиќ ги навести идните односи со Македонија.
Според излезноста ова се историски најмногубројни избори во Србија, со излезност од 70 отсто на запишани граѓани.
Оливер Бранковиќ
