МВР
Посебен режим на сообраќајот утре во центарот на Скопје
26.10.2026 19:15
Поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, утре во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници.

На 27 октомври, вторник, претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
