Политика

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката Божиновска

26.10.2026 14:41

Во расправата, опозицијата ја обвини министерката за недоволни резултати и неправилности во енергетскиот сектор, додека владејачкото мнозинство ги истакна реформите, инвестициите и мерките за енергетска стабилност.

Со 19 гласа „за“ и 63 „против“, Собранието ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица.

Во расправата, опозицијата ја обвини министерката за недоволни резултати и неправилности во енергетскиот сектор, додека владејачкото мнозинство ги истакна реформите, инвестициите и мерките за енергетска стабилност.

Божиновска порача дека обвинувањата треба да се поткрепат со докази и дека е подготвена да одговара за својата работа пред Собранието.