Трибина

Медиумска писменост – да препознаеме лажни вести и дезинформации

26.10.2026 17:46

Не е доволно нешто да изгледа или звучи вистинито, потребно е и да се проверат изворот и дополнителните докази. Во денешно време со вештачката интелигенција, фотографиите, видеата може да изгледаат реално. Медиумската писменост ни помага да препознаеме кога некој се обидува да влијае врз нашите желби, ставови и одлуки.

„Од утре сите училишта ќе бидат затворени поради загадување“. Ова е лажна вест која би можела брзо да се прошири. Не е доволно нешто да изгледа или звучи вистинито, потребно е и да се проверат изворот и дополнителните докази. Во денешно време со вештачката интелигенција, фотографиите, видеата може да изгледаат реално.

Медиумската писменост ни помага да препознаеме кога некој се обидува да влијае врз нашите желби, ставови и одлуки.

„Често ни се случува на сите да споделиме некоја информација, без да ја провериме. Ова е особено важно за младите кои постојано се опкружени со информации. Токму тоа е сржта на медиумската писменост, не да им кажеме на луѓето во што да веруваат, туку да им помогнеме да го преиспитаат она кое го гледаат, и сами да дојдат до своја констатација или заклучок“, вели Лучано Скамбјати Личарди – делегација на ЕУ.

Поради неподготвеноста да направат проценка на она што се пласира на социјалните мрежи, на децата и тинејџерите во некои држави, како Грција, Турција, Данска, Португалија, Шпанија, се работи на ограничување на користење на социјалните медиуми.

Ова отвора дискусија, дали на овој начин ќе се заштитат или паралелно треба да учат медиумска и дигитална писменост.

Наташа Јанчиќ – Менковски