Кривичен суд

Ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“

26.10.2026 17:12

Одбраната побара обвинетите полицајци да бидат сослушани и како сведоци. Тие се товарат дека со злоупотреба на службената положба овозможиле дискотеката „Пулс“ да добие лиценца за работа без потребните проверки.

Во Кривичниот суд во Скопје се одржа ново рочиште за деветмината полицајци обвинети во случајот „Пулс“.

Бранителите, предлагајќи ја листата на докази и сведоци, побараа и нивните клиенти да бидат сослушани во својство на сведоци.

Тие се обвинети дека со злоупотреба на службената положба придонеле објектот „Пулс“ да добие лиценца за работа од Министерството за економија, при што не ги извршиле потребните проверки и дале согласност без целосно утврдување на условите.