Над 180 повици во последниве два дена на „Ало докторе“
05.10.2014 11:44
Јавувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија...

На телефонската линија за медицински совети, 15123 „Ало докторе“, во изминативе два дена биле регистрирани 186 повици.
Јавувањата на телефонската линија биле од граѓани од сите градови на Македонија.
На три лица поради нивната здравствена состојба од докторите- специјалисти им било укажано да повикаат итна медицинска помош.
Во текот на вчерашниот ден од 18 до 22 часот, за медицински совет била достапна докторката Татјана Баевска - Вучковиќ, специјалист педијатар.
Денеска од 19 до 22 часот на 15123 „Ало докторе“ ќе биде дежурен проф. д-р Никола Николовски, директор на клиниката за уво, нос и грло.
