Временска прогноза

Променливо облачно и посвежо

27.10.2026 08:20

Во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремен снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Температурите ќе се движат во интервал од-3 до 13 Целзиусови степени, што ќе донесе почувствително свежо време.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.