Македонија

Дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во земјава

27.10.2026 09:01

Дебатата ќе ја отворат народниот правобранител, Фатон Сељами, и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал...

Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организира тематска дебата за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи во земјава.

Дебатата ќе ја отворат народниот правобранител, Фатон Сељами, и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

Заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска ќе ги презентира клучните наоди од спроведеното истражување за степенот на обезбедување здравствена заштита во казнено-поправните установи и казнено-поправните домови.

На тематската дебата ќе учествуваат и претставници на Управата за извршување на санкциите, Министерството за здравство, како и претставници на казнено-поправните установи и домовите.