Македонија

Времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид од 28 октомври

27.10.2026 12:42

Поради санација на левиот коловоз, од утре ќе биде воведен времен режим на сообраќај на автопатот А2, на делницата од Пресека – Песочан до клучката Арбиново. Режимот ќе важи до завршувањето на градежните работи.

ЈП „Македонијапат“ информира дека од 28 октомври ќе биде воведен времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Пресека – Песочан до клучката Арбиново, поради санација на левиот коловоз.

Времената измена на режимот ќе трае до завршувањето на санацијата. Од претпријатието апелираат до возачите да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да управуваат внимателно и да ја приспособат брзината на условите на патот.

Според информациите на „Македонијапат“, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите се суви, а сите патни правци се проодни. Сепак, на одредени делници низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.