Блиски исток
Изборите во Израел-тест за политичката иднина на Нетанјаху
27.10.2026 13:30
Изборите се одржуваат во услови на длабоки политички поделби, а според истражувањата на јавното мислење исходот е неизвесен.

Граѓаните на Израел гласаат на парламентарни избори кои се сметаат за важен тест за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Изборите се одржуваат во услови на длабоки политички поделби, а според истражувањата на јавното мислење исходот е неизвесен.
Ова се први избори во земјата по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Во центарот на изборната трка е прашањето дали Нетанјаху ќе добие нов мандат да ја предводи владата или власта ќе ја преземе коалиција предводена од поранешниот генерал Гади Ајзенкот.
