Свет

Поранешна Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа ги отфрли наводите

27.10.2026 15:09

Поранешната манекенка Беатрис Којл тврди дека Доналд Трамп сексуално ја нападнал во 1993 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк, според извештај подготвен од демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Белата куќа ги отфрли обвинувањата.

Поранешната манекенка и Мис на Швајцарија, Беатрис Којл, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување, според извештај подготвен од демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Како што објавува британски „Телеграф“, Којл тврди дека Трамп сексуално ја нападнал во ноември 1993 година, во хотелот „Плаза“ во Њујорк, кој во тоа време бил во негова сопственост. Жената и пред претседателските избори во 2024 година изнесе обвинувања против Трамп, тврдејќи дека тој несоодветно ја допирал за време на истиот настан. 

Белата куќа ги отфрли наводите, оценувајќи дека станува збор за политички мотивиран обид да се наруши угледот на претседателот пред претстојните избори.