Одбојка СП жени – Италија 2014

Србија – Русија, дерби со тежина за медал

05.10.2014 13:34

Одбојкарките на Србија и на Русија во меѓусебен дуел ќе ја решат последната дилема за пласман меѓу шесте најдобри на Светскиот шампионат во Италија. Математиката е едноставна, кој и да победи ќе биде трет во групата во којашто Соединетите Американски Држави и Бразил се на првите две позиции со максимален ефект. 

На Србинките не им помага фактот дека имаат четири победи и два пораза досега, а „зборнаја“ е со половичен биланс 3-3. Дури и во случај Србија да освои два сета, а со тоа и еден бод, нема да ги оствари амбициите за настап во третиот натпреварувачки круг. Мечот во Верона е со елиминациски предзнак, а со тоа ќе понуди неизвесна и квалитетна битка. Преносот е на Собранискиот сервис на МРТ од 17 часот.

Во групата „Е“ уште пред денешното последно коло се знае дека Кина, Италија и Доминиканската република ќе продолжат во ТОП 6 сегментот. Денешното дерби меѓу Кинеските и Италијанките ќе решава за првата позиција со оглед дека двете репрезентации имаат по 16 бода. Во двојната одбојкарска програма на Собраниски влегува и натпреварот меѓу Хрватска и Белгија од 20 часот.

***

СП за одбојкарки, 2.фаза, 7.коло

Група „Е“

Италија – Кина

Доминикана – Јапонија

Германија – Азербејџан

Хрватска – Белгија (МРТ Собрансики 20.00)

Табела: Кина 16, Италија 16, Доминикана 12, Јапонија 8, Германија 6, Хрватска 5.Азербејџан 5, Белгија 4

***

Група „Еф“

САД – Бразил

Србија – Русија (МРТ Собрансики 20.00)

Турција – Казакстан

Холандија – Бугарија

Табела: САД 18. Бразил 17, Србија 11, Русија 10, Турција 7, Бугарија 6, Холадија 3, Казакстан 0