МВР
Жена пронајдена мртва со траги на насилство во Ѓорче Петров, втор случај во последните пет дена
27.10.2026 13:27
Седумдесет и шестгодишна жена утрово е пронајдена мртва во својот дом во скопската населба Ѓорче Петров. Лекар констатирал смрт со видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. Ова е втор случај во последните пет дена во кој во истата скопска населба е пронајдено починато лице со траги на насилство.

Ново убиство во Ѓорче Петров. Ќерка изутрина ја пронашла 76-годишната мајка почината со видливи траги на насилство.
За пет дена, втор случај на насилна смрт во оваа општина. Полицијата истражува што се случило, телото е предадено на обдукција.
Екипа на МТВ беше на местото на убиството, соседите и жителите од околните улици не беа расположени за изјави.
Завршен е и увидот во куќата од полицијата, обвинителството и форензичката екипа.
На 22 октомври, во својот дом во населбата Хром, беше пронајден мртов 62-годишен маж со траги на насилство.
На прашањето дали убиствата на двете лица на територијата на општина Ѓорче Петров се поврзани, од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека за да се утврди евентуална поврзаност, мора да се открие кој е сторителот.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите за расчистување на случајот.
Игор Панов
