Собрание

Гаши – Хаџиу: Парламентарна соработка и европска интеграција

27.10.2026 16:09

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја пречека косовската колешка Аљбуљена Хаџиу, која е во официјална посета на земјава. Во фокусот на разговорите беа парламентарната соработка, добрососедските односи и европската интеграција, со заедничка заложба за стабилен и просперитетен регион.

Собранискиот спикер Гаши во Скопје ја пречека неговата колешка од Косово, Аљбуљена Хаџиу, која пристигна во официјална посета на земјава.

Разговараа за унапредувањето на парламентарната соработка, добрососедските односи и за европската интеграција.

Двајцата соговорници оценија дека споделуваат заедничка визија за мирен, стабилен, безбеден и економски просперитетен регион, интегриран во евро-атлантските структури.