Два насилни смртни случаи

27.10.2026 15:22

За само пет дена, две лица се пронајдени мртви со траги на насилство во општина Ѓорче Петров, а полицијата истражува дали случаите се поврзани...

Ново убиство во Ѓорче Петров. Ќерка изутрина ја пронашла 76-годишната мајка почината со видливи траги на насилство. 
 
За пет дена, втор случај на насилна смрт во оваа општина. Полицијата истражува што се случило, телото е предадено на обдукција. 
 
Екипа на МТВ беше на местото на убиството, соседите и жителите од околните улици не беа расположени за изјави. 
 
Завршен е и увидот во куќата од полицијата, обвинителството и форензичката екипа.
 
На 22 октомври, во својот дом во населбата Хром, беше пронајден мртов 62-годишен маж со траги на насилство. 
 
На прашањето дали убиствата на двете лица на територијата на општина Ѓорче Петров се поврзани, од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека за да се утврди евентуална поврзаност, мора да се открие кој е сторителот. 
 
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите за расчистување на случајот.
 
Игор Панов