Во Собранието амандманска расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година во второ читање. Поднесени се 124 амандмани, а нивното разгледување ќе биде во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Почнува амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот. Поднесени се 124 амандмани, а нивното разгледување ќе биде во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Вториот ребаланс на Буџетот, според Министерството за финансии, се прави поради актуелната геополитичка состојба и со него навремено ќе се сервисираат сите редовни обврски.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. На расходната страна пристапуваме одговорно и дисциплинирано.
Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милијарди денари во однос на претходните проекции.
