Какви преводи имаме?
Сериозни, смешни глупави преводи на македонски. Каква одговорност е преведувањето книги, филмови, странски вести. Ако е погрешно – има недоразбирања, штета, опасност. Ако е добро – ги збогатува македонскиот јазик и култура. Еве што се случува во сферата на преводите...

Дали стадионот бил полн со дупки или исполнет до последното место? Тешко дека некој ќе го анализира јазикот на штрковите ако темата е оној на родот свој, а тишината ќе убие кога ќе се заборави запирката.
Какви преводи имаме? На книги, на филмови, на странски вести.
„Има и полоши преводи. За филмовите титлувањето она не е македонски... Mислам дека имаме, но нешто недостасува. Македонскиот јазик не е така добро искомпензиран, пренесен...“, велат граѓаните.
Огромна е обврската на преведувачот. Детално познавање на јазиците, но и на културите, на сопственото секојдневие.
„Не познавајќи го богатството на едниот, тешко ќе можеш да го доловиш богатството на другиот. Но, текстот во весник секогаш значи концизно и точно пренесена информација“, вели Билјаана Лазароска, преведувач.
Лошиот превод носи недоразбирања, финансиски штети, па и човечки жртви ако е упатство за лек, сметаат лекторите. Нивната улога е голема колку на преведувачот.
„Лекторот е тој филтер што мора да го исчисти таквиот текст, односно тој го чисти плевелот од јазичната градина“, изјави Анкица Стојаноска, лектор.
За добрите преводи има пофалби, збогатени сознанија, за лошите треба тело за цензура. Не смеат да излезат во јавност.
„Тоа тело би внимавало на се она што се сервира во јавноста, а е превод од некој друг јазик на македонски“, додава преведувачот Лазароска.
Преведуваме светови, а не само зборови, велат преведувачите. Но, најбитно е: македонската публика да го разбере тој свет.
Елизабета Митреска
