МВР

На ГП Ќафасан лишени од слобода две перуански државјанки, кај нив е пронајдена дрога

28.10.2026 13:38

На Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки Ќафасан“, ги лишија од слобода Л.Р.Ф.М.(27) и П.П.Д.А.(26), двете од Перу.

На 27.10.2026 на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки Ќафасан“, ги лишија од слобода Л.Р.Ф.М.(27) и П.П.Д.А.(26), двете од Перу. При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било пронајдено едно пакување со марихуана.

Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.