Неизвесна изборна трка во Израел - Нетанјаху без сигурно мнозинство
Политичка неизвесност во Израел по парламентарните избори. Блокот на Нетанјаху е во тесно водство, но без обезбедено мнозинство. Конечниот исход ќе зависи од преостанатите гласови.

Израел
Израел останува без јасен победник по парламентарните избори. Блокот на Нетанјаху во тесно водство по пребројување на повеќе од половината гласови, но без мнозинство во Кнесетот. И двете страни ја објавија победата, но конечниот исход ќе зависи по пребројувањето на околу 600 илјади гласови од војниците до четврток.
„Мора да воспоставиме силна, десничарска, национална влада. Забрането е да се загрозува Израел со формирање влада што се потпира на антиционистички арапски партии“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
„Испишавме историја. Јавноста одлучи во корист на промените. Коалицијата на неуспех ја изгуби довербата на народот“, рече Гади Ајзенкот, лидер на Јашар.
Арапските партии, со рекорден број пратеници, се клучни за можноста да се формира новата влада. Ова беа првите избори по нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година, со највисока излезност во последните повеќе од 50 години.
