Голем потенцијал за развој на алтернативниот туризам во Струмица
Струмичкиот регион има многу да понуди за развој на алтернативен туризам кој што е и дел од проект за прекугранична соработка со соседна Грција. Средства се обезбедени од европски фондови...

Дваесети и пет обележани пешачки патеки, играно документарен филм со презентација на културно историските споменици, традиции и манифестации на Струмица, промотивна веб страна Come 2 Strumica се главните аспекти во промоцијата на алтернативниот туризам во овој регион.
Проектот го спроведе Струмица со соседната општина Лерин како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција вреден 340 илјади евра.
Потенцијалот на струмичкиот регион за развој на нови алтернативни форми на туризам биле стартните идеји при апликацијата пред европските фондови. Градоначалникот Заев вели дека проектот ги зближил и двете општини.
Регионот на Лерин има многу сличности со Струмица, посочи претставникот на локалните власти од оваа општина, Василис Ампас.
Со студијата за проценка на туристичко угостителскиот сектор и со поставената сигнализација и изградба на трим патеки, Струмица очекува поголема промоција, но и поголем број на гости во текот на целата година.
Катерина Давчева
